Куротоа за неколку час ослабел три килограми откако бил заменет со Бриж

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, изјави дека не се плаши од критиките што ги добил последните недели. Белгиецот не е во форма, прима многу голови и се зборува дека би можел да ја загуби стартната позиција на штета на Алфонс Ареола.

– Ако сакате да бидете голман на Реал Мадрид, мора да можете да се справите со тензите и да го прифатите, изјави Куртоа.

Засега се чини има голема веројатност Куртоа да го пропушти судирот против Гранада во текот на викендот. Ќе му го одстапи местото меѓу стативите на Ареола, а исто така ќе подлежи и на специјална диета за чистење на неговото тело. Пред натпреварот против Бриж тој добил труење од храна и акутен гастроентеритис, а откако бил заменет на паузата изгубил 3 килограми во тежина за само неколку часа.

Треба да знаете
Последни објави