Мет Дејмон ја одбил улогата во „Аватар“ и изгубил 250 милиони долари

Еден од најбараните актери во Холивуд, Мет Дејмон (48) ја одбил улогата на Џејк Сули во мегахитот „Аватар“ на филмскиот режисер и продуцент Џејмс Камерон (65).

Тој жали за улогата што ја пропуштил и за фактот што не работел со познатиот режисер. Покрај единствено искуство, тој изгубил и огромна потенцијална заработка.

„Камерон ми го понуди ‘Аватар’ и ми рече: ‘Сега слушај ме. Не ми треба никој. Не ми треба име за ова, голема ѕвезда. Ако го пропуштиш ова, ќе најдам непознат актер и ќе му ја дадам улогата. Меѓутоа, ако учествуваш, ќе ти дадам десет проценти од заработката на филмот’“, рече актерот.

Дејмон ја раскажал целата приказна на актерот Џон Красински (39), кој му рекол дека ништо во неговиот живот не би се сменило доколку ја прифател улогата.

Дејмон ја одби улогата затоа што времето на снимање на филмот се поклопувало со она на „Борновиот идентитет“. Ако ја прифатеше улогата тој ќе беше побогат за 250 милиони долари, со оглед на тоа што „Аватар“ заработи 2,79 милијарди американски долари во киноблагајните.

Камерон му ја додели улогата на Џејк Сули на тогашниот непознат австралиски актер Сем Вортингтон.

Треба да знаете
Последни објави