Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје во новата сезона стартуваше со убедлива победа во АБА2 лигата против Слобода Тузла (110:88). Лидер, кој го водеше тимот до убедливиот триумф беше Нуни Омот. Интернационалецот од Кенија на паркетот 28 минути, постигна 33 поени, а имаше уште по три скока и асистенции.
За два поени промаши само еден шут, а од зад линијата за три поени беше непогрешен со шест од шест удари.
Со ваков скор Омот го понесе признанието МВП во 1. коло од регионалната АБА 2 лига.



