Почина најдобрата словенечка лизгачка Млинариќ на 32 годишна возраст

Тажна вест пристигна од Словенија. Најдобрата словенечка уметничка лизгачка Луција Млинариќ почина во 32 година од животот по долгата битка со ракот на дојката.

Дека боледува од оваа тешка болест Млинариќ дознала преку телефон кога била на Светските игри во Колумбија во август во 2013 година, каде и покрај лошата вест настапи и пред 7.000 навивачи го освои сребрениот медал.

Најдобрата словенечка лизгачка на сите времиња Млинариќ во својата натпреварувачка кариера има освоено 27 медали.

 

 

Треба да знаете
Последни објави