По престрелката во Гази Баба: Полицијата трага по црн ,,Голф”

Престрелка меѓу две групи попладнево се случила во Гази Баба. Засега од МВР велат дека немаат информации за овој случај.

Оттаму потврдуваат дека во градската болница св. Наум Охридски било донесено едно повредено лице, а пријавено е од страна на лекарите.

Веднаш по престрелката на увид излезе полицијата на улицата „Ордан Чопела“, која се наоѓа во близина на парк шумата Гази Баба.

Полицијата неофицијално привела едно лице, а по двајца се трага кои биле вмешани во вооружената престрелка, која попладнево се случи на улицата Ордан Чопела.

Според неофицијалните информации на Алфа повреденото лице Б.Б. со возило Голф 4 со црна боја било оставено во Градската болница, а автомобилот веднаш избегал од лице место.

Треба да знаете
Последни објави