Работнички само победа против Ренова го вади од „калта“

Со натпреварот Работнички – Ренова денеска (15 ч.) почнува 9. последно коло од првиот круг во  прволигашката фудбалска конкуренција во Макеоднија. Преостанатите четири средби од оваа рунда се играат во утре (15 часот) поради претстојната репрезентативна активност, а дербито ќе биде во Тетово меѓу лутите ривали Шкендија и Вардар.

Денешниот натпревар од „Арената Тодор Проески“ ќе биде пренесуван дирекно на Арена и МРТВ. Работнички овој дуел со Ренова го дочекува со императив победа. Само со триумф избраниците на стратегот Александар Влахо ќе можат да се извадат од „калта“, бидејќи по осум одиграни кола имаат освоено само 7 бода и се наоѓаат на претпоследното место на табелата.

Такви проблеми нема Ренова која традиционално е незгоден ривал за „романтичарите“. Во Скопје, гостите од Џепчиште доаѓаат со самодоверба, бидејќи имаат серија од три победи.

Двојки за утре (15 часот): Академија – Пандев – Силекс, Шкендија – Вардар, Макеоднија ЃП – Шкупи,  Борец – Струга ТЛ.

Табела: Вардар 19 бода, Академија Пандев 15, Македонија ЃП 14, Ренова 13, Шкупи 12, Шкендија 10, Силекс 9, Струга ТЛ 8, Работнички 7, Борец 5.
Треба да знаете
Последни објави