Апелациониот суд ја отфрли жалбата по одлуката на кривичниот за продолжување на притворот на Боки 13, дознава Телма. Апелација смета дека се исполнети два од условите, односно можност за бегство и да го повтори делото.
Вчера Боки 13 пред судот на јавна седница даваше образложение зошто треба да му биде укинат притворот.
„Здравствената состојба ми е животнозагрожувачка, а за овој случај треба да бидам жив за да ја кажам вистината“, рече Јовановски.
Јовановски се наоѓа во притвор како првоосомничен во случајот „Рекет“. Второосомничениот Зоран Милески – Кичеец од неодамна е во домашен притвор, а Катица Јанева како третоосомничена е во притвор, и притоа и беше одбиено барањето за домашен притвор.
Во изминатиот период во врска со овој случај во Обвинителството сведочеа бизнисменот Силјан Мицевски, водителката Лила Филиповска и пратениците Фросина Ременски и Александар Кирацовски, како и претседателката на Собранието на Меѓународниот сојуз Агапи Дика и бизнисменот Зоран Азманов.