Кампања за зголемување на бројот на доброволни донори на матични клетки

Во тек е националната кампања „Биди срцевина, биди херој” за зголемување на бројот на доброволни донори на матични клетки поддржана од Министерството за здравство, Универзитетската клиника за хематологија и Институтот за имунологија и хумана генетика, каде се наоѓа Националниот дарителски регистар на коскена срцевина.

Од Министерството за здравство соопштија дека секој возрасен здрав човек на возраст меѓу 18 и 50 години во Институтот за имунологија и хумана генетика може да дарува коскена срцевина и да спаси човечки живот.

Пред 19 години првпат беше изведена трансплантација на матични клетки и досега се реализирани повеќе од 550 интервенции. Во ноември 2018 година првпат беше изведена првата трансплантација на матични клетки од несроден донор и досега изведени се осум такви трансплантации, достапни за македонските осигуреници.

Целта на оваа кампања е подигање на свеста за хуманост, промовирање на солидарноста и засилување на можноста преку запишување во националниот дарителски регистар, секој да може да се понуди да спаси човечки живот дарувајќи коскена срцевина, информираат од Министерството за здравство.

Треба да знаете
Последни објави