Национална агенција за мобилност: Обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ се смешни, им треба обука за Еразмус+

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ, на која од опозициската партија обвинија за злоупотреба на европски фондови, ја оценува како несериозен обид да се минира успехот на Владата во пресрет на Советот на ЕУ од каде што земјава очекува датум за почеток на претпристапни преговори.

„Во врска со 4 организации кои наводно на сомнителен и нетранспарентен начин добиле грантови од Националната агенција, сакаме да ве информираме дека посочените организации се корисници на програмата Еразмус+ уште од 2013 година, односно од самиот почеток на програмата, кога Лидија Димова не беше директорка на агенцијата. Во однос на мејк комуникацијата преку која наводно се барале проценти за доделување на проекти, ја повикаме ВМРО-ДПМНЕ да ја достави истата до сите релеватни институции во зенјава, вклучувајќи ја и Националната агенција, како би можеле да преземеме соодветни активности согласно нашите правилници за работа“, се наведува во соопштението на агенцијата.

За нападите од страна на ВМРО-ДПМНЕ дека наводно Националната агенција доделила 6 милиони денари за себепромоција на Лидија Димова,  Националната агенција информира дека има обврска да ја промовира програмата Еразмус+ како и другите мрежи и иницијативи преку одржување на обуки, конференции, работилници и настани од сличен карактер.

„Како Национална агенција се обврзуваме да ги поканиме ВМРО-ДПМНЕ на следната обука за програмата Еразмус+ како би им се разјасниле процедурите и правилата на програмата за во иднина да не излегуваат со вакви смешни прес-конференции“, стои во реакцијата во која се додава дека агенцијата е отворена за сите медиуми доколку истите сакаат да направат сериозно истражување во врска со користењето на европските фонодви.

Треба да знаете
Последни објави