Со Грција и Бугарија споделуваме заеднички безбедносни проблеми во однос на хибридните закани

Северна Македонија, Грција и Бугарија споделуваат заеднички проблеми во однос на хибридните безбедносни закани меѓу кои е и феноменот на лажните вести. Детектирањето на слабите и тесните грла и како заемно да се подигне соработката преку универзитетите е целта на Регионалната школа за безбедност која почна денеска во Скопје на тема „Хибридните закани и нивниот импакт на демократијата-предизвици за регионална соработка”.

– Придобивките од потпишаниот Преспански договор и Договорот за добрососедство придонесува кон подигање на довербата и соработката особено меѓу помладите генерации и академската заедница во овој дел од регионот. Имајќи предвид дека имаме повеќе отворени прашања кои заеднички треба да ги решиме во однос на безбедносните проблеми вклучутелно и хибридните закани кои произлегуваат од недржавни актери и кои не познаваат бои на нации или политички субјекти, треба заемно да ги вложиме силите преку ваков дијалог на спој помеѓу теоријата и праксата и подигање на меѓусебната доверба на народите од регионот да придонесеме кон поголема интеграција и безбедносна стабилизација, изјави проф. д-р Марјан Ѓуровски, проректор на УКЛО.

Според него, лажните вести се еден дел од хибридните и асиметрични закани со оглед на тоа што и финансирањето на одредени политички субјекти, НВО, но и пред се субверзивните дејства кои се присутни од Русија и Кина во овој дел од Балканот поради забрзаниот евроатлански процес на интеграции се проблем кој сите заеднички треба да работат на презамање конкретни алатки и пред се применливи политики. Но, нагласува тој, борбата против лажните вести треба да биде акција во која ќе се впушти и власта и опозицијата и невладиниот сектор и академските граѓани, без ексклузивитет поради чувствителноста на материјата и влијанието вра безбедноста и политичката демократија.

Професорот Јоргос Христидис од Универзитетот „Македонија” во Солун, оценува дека целосниот процес на потпишување и ратификација на Договорот од Преспа беше контровезрзен во Грција и имаше многу противења и нашите општества постепено ја откриваа важноста на изнаоѓање начини за справување со феноменот на лажните вести, а работејќи заедно е добар начин да се справиме со нив поефикасно.

– Сите во регинот имаме проблеми, проблеми со еконимјата, со социјалната кохезија и етничкте недоразбирања, односно ранливи општества.Тоа не прави да бидеме цели на активности кои сакаат да ги искористат овие слабости. Затоа имаме уште една причина да работиме заедно и да бараме начини за што поефикасно справување со овие прашања, вели Христидис.

Дани Короленко студент на Филозофскиот факултет при Софискиот универзитет смета дека Бугарија феноменот на лажните вести се чувствува повеќе кај населението со ниска техничка наобразба, кое има пристап до социјалните мрежи, до Интернет, но кое не е навикнато на потребата од проверка на информациите, од два-три извора за информацијата да може да се смета за веродостојна.

– Лажните вести кои се дел од арсеналот на хибридната војна се исклучително лесни за споделување и лесно предизвикуваат гневни чувства, многу лесно се распространуваат. Луѓето често ги читаат само насловите, не го отвараат весникот ниту го читаат и откако ќе ги споделат се зголемува ризикот од дезинформации на населението што навистина може да влијае врз владата и меѓународните партнери, вели Короленско.

Форумот кој се одржува четврта година по ред е во организација на Факултетот за безбедност во Скопје, членка на Универзитетот „Св. Климент Охридски” (УКЛО), со поддршка на Фондацијата „Конрад Аденауер” и „Вилфред Мартенс” Центарот за европски студии од Брисел, во соработка со Центарот за истражување и креирање политики. Тридневната Регионална школа ја отвори заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски, а ќе обедини на едно место 40-та професори и студенти од областа на безбедноста и политичките науки од Скопје, Солун и Софија.

Треба да знаете
Последни објави