Бутел се подготвува за деби на меѓународната сцена со победа

Македонскиот ракометен суперлигаш Бутел утре (18.30 часот) ќе има дебитантски настап на меѓународната клупска сцена во ЕХФ купот. Пред своите гледачи во салата на СРЦ „Кале“, Бутел ќе го одигра првиот натпревар од двомечот со украинскиот ЗРТ Запорожје.

Гостинот од Украина е вицепрвак во својата земја. Во пресрет на првата пресметка тренерот на  Бутел, Кристијан Грчевски не крие дека имаат малку информации за противникот.

-Не располагаме со многу информации за противникот. Ќе играме максимално за да оствариме што подбар резултат на првиот натпревар. Сакам да се претставиме во убаво светло и да одиграме како што и доликува на екипата како Бутел. Не би можел да кажам каков резултат би ни бил доволен за да поминеме понатаму. Има и реванш за кој ќе имаме подобра слика за противникот. Како и да е украинската екипа е незгодна. Ние одиме на победа, а до неа ќе стигнема со тимска и борбена игра – порачува тренерот Грчевски.

 

Треба да знаете
Последни објави