(Видео) Аеродромот во Глазгов делумно евакуиран поради сомнителен пакет

Летот на KLM Royal Dutch Airlines, кој пристигнал од Амстердам околу 10 часот утринава бил изолиран на пистата како реакција на загриженоста поради сомнително парче багаж, објавено е на веб-страницата „Глазгов лајв“, повикувајќи се на соопштение од аеродромот.

Патниците биле евакуирани од дел од аеродромот во Глазгов по извештаите за сомнителниот пакет, јавуваат локалните медиуми, а продолжува истрагата за да се утврди содржната на пакетот, посочи портпаролот на аеродромот.

Според извештаите кои ја цитираат сообраќајната полиција, затворен е и излезниот пат М8 што води кон транспортниот центар. Полициски, противпожарни и спасувачки служби, како и амбулантни возила веднаш пристигнале на местото на настанот.
Треба да знаете
Последни објави