ВМРО-ДПМНЕ и нивните медиуми манипулираат со стари слики и невистини за настан што се случил пред 5 години

СДСМ во целост ги демантира лажните информации во веста со наслов „Безбедноста позади политиката:Првите луѓе на АНБ на рапорт пред ген-секот на СДСМ” објавена на веб порталот Курир дека наводно Виктор Димовски, директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Јовче Ременски вработен во АНБ вчера присуствувале на партиски состанок.

-Не точно дека Димовски и Ременски вчера учествувале на каква било партиска средба.
Објавената фотографија не е направена вчера, туку пред 5 години, кога се подготвуваше програмата на СДСМ „Визијата за Македонија” и станува збор за настан од отворен карактер на тема безбедност. Со ваквата објава ВМРО-ДПМНЕ врши груба манипулација и преку порталите под негова контрола шири лажни вести и дезинформации.Од веб порталот Курир и останатите медуиуми кои ја презеле веста бараме повлекување на невистинитиот текст и објавување на овој демант во целост.

Треба да знаете
Последни објави