Од денеска променет режим на сообраќај од наплатна станица Гостивар до мостот кај Здуње

Од денеска па во наредните 60 дена променет режим на сообраќај ќе има на делницата Гостивар – Кичево на потег од наплатна станица Гостивар до мост кај село Здуње.

– Виадукт трејд- ДООЕЛ известува дека денеска ќе се започне со изведување градежни активности при рехабилитација на магистрален пат А2, делница Гостивар – Кичево на потег од наплатна станица Гостивар до мост кај село Здуње во времетраење од 60 дена, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај, соопшти АМСМ

Треба да знаете
Последни објави