Петстотини стебла марихуана беа пронајдени во магацин во италијанскиот град Каљари. Садниците со марихуана биле скриени во огромна просторија сместена зад тајна врата во бања.
Покрај марихуаната, полицијата пронашла пиштол и куршуми. Во акцијата уапсен бил 30-годишниот Филипо Гавецани под сомнеж за одгледување марихуана, поседување оружје и кражба на струја.