Забелеа планините во Црна Гора и во Босна и Херцеговина. На Дурмитор падна снег, а температурата се спушти под нула степени. Во Црна Гора се очекува наредните денови променливо облачно време.
Првиот снег годинава падна и на планините во БиХ, Јахорина и Бјелашница. На Јахорина владее вистинско невреме, додека на Бјелашница паѓа лапавица.
Условите за да паѓа снег се создадени со наглото намалување на температурата за повеќе од десет степени.