Синот на Бајден можно е да е вмешан во 15 кривични случаи во Украина

Хантер Бајден, синот на поранешниот потпретседател на САД, Џо Бајден, и неговата компанија „Бурисма“ можно е да се вмешани во 15 кривични случаи во Украина, изјави главниот обвинител на Украина, Руслан Рјабошапка, пренесува „Спутник“.

Покрај Бајден, во тие случаи можно е да се вмешани и поранешниот украински министер за екологија, Николај Злочевски, и олигархот Сергеј Курченко, додаде Рјабошапка.

Тој објасни дека украинското обвинителство ги разгледува сите тие случаи што претходно биле затворени за да се утврди дали во нив бил прекршен законот.

Рјабошапка посочи дека ревизијата продолжува и дека бројот на тие случаи би можел да варира во зависност од резултатите.

Медиумите потсетуваат дека Хантер Бајден беше во одборот на директори на компанијата „Бурисма груп“, една од најголеите приватни компани за гас во Украина.

Истовремено, Џо Бајден беше на функцијата потпретседател на САД кога во 2016 година побара од украинските власти да го сменат главниот обвинител на Украина, Виктор Шокин, кој ја стави под истрага таа компанија. Шокин подоцна беше сменет, а истрагата беше затворена во август 2017 година.

Треба да знаете
Последни објави