Светскиот тениски рекет број еден, Србинот Новак Ѓоковиќ го растури Французинот Лукас Пуј на АТП турнирот во Токио. Српскиот тенисер му дозволи на Французионот да освои само три гејма (6:1, 6:2) и за неполн час игра избори лесен пласман во полуфиналето на турнирот каде за противник ќе го има подобриот од дуелот меѓу Гофан и Чунг.
По кратката пауза поради повреда на рамото Ѓоковиќ успешно се врати на терените.
Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Опелка и Милман.