Во синоќешните судири на протестите во Хонг Конг повредени се 31 лице, од кои две сериозно.
Операторот на метрото „МТР Корп” соопшти дека мрежата, нив која дневно се превезуваат пет милиони патници, денеска нема да работи, а затворени ќе бидат и некои трговски центри и супермаркети.
– Со оглед на тоа што повеќе не сме во состојба да обезбедиме безбедни и сигурни услуги за патниците во овие околности, корпорацијата нема друг избор освен да донесе одлука да го прекине работењето на целата своја мрежа, стои во соопштението.
Демонстрантите палеле огнови на станиците и во еден празен воз, при што се повредени двајца работници во метрото, додаде МТР.
Затворени се и десетина трговски центри, супермаркети и филијали на кинески кои беа цел на демонстрантите.
Полицијата соопшти дека полицаец во Јуен Лонг пукал во самоодбрана откако демонстрант фрлил кон него експлозивна направа и го повредил. Медиумите тврдат се работи за 14-годишно момче, а градската болница соопшти дека неговата состојба е стабилна.
Полицијата во Хонг Конг вчера употреби солзавец за да ги растера демонстрантите кои блокираа улици во финансискиот центар на градот, неколку часа откако владата имплементираше одредби од Законот за вонредни состојби, кој последен пат беше применет пред повеќе од пет децении.
Врз основа на тој закон, од утре се воведува забрана за носење маски за лице кои демонстрантите ги носат, најмногу за да го скријат својот идентитет.