Скопјанец бил уапсен на Дебе Баир со возило во кое имало артефакти. Како што информира полицијата, вчера околу 13 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, полициски службеници го лишиле од слобода К.Б.(29) од Скопје, поради сомнение за сторени кривични дела „Присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ и „Изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“.
При контрола на патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, што го управувал К.Б., биле пронајдени и одземени стари монети, стари метални делови од накит и други стари предмети. По расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.