Бочварски: Штип е на прав пат, градиме брана на Отиња, водоводи и нов стадион

На прав пат е државата, Штип е на прав пат, рече претседателот на комисијата за транспорт и врски на СДСМ и градоначалник на Штип Благој Бочварски, денеска на трибината  на СДСМ „На прав пат”, пред Штипјани.
По 11 години тепање на студенти, затварање на медиуми, сега СДСМ се грижи за граѓаните, со одговорни, а не со популистички политики,  ги решава најтешките проблеми наследени од минатото и води грижа за секој денар на граѓаните, рече Бочварски, додавајќи дека Општина Штип е светол пример како работите успешно се враќаат во колосек и покрај долгогодишната стагнација и потснување на сите развојни потенцијали.
Тој истакна дека пред две години кога станал градоначалник сметката на општината била празана, а денеска работите се многу поинакви.
Кога доаѓавте во Штип, дојдовте по модерен автопат со кој Штип се поврза со Скопје но и со Европа, преку нов влез во градот, осветлен со лед светло, тротоари и урбана опрема. Тука е изграден и новиот кружен тек на булеварот Гоце Делчев, кој го решава сообраќајниот метеж и сообраќајните незгоди пред електротехничкото училиште.
Иградена  е нова обиколница и за прв пат по 65 години во Штип се гради мост на реката Брегалница, кој е финансиран со еден милион  евра средства на општината.
Во налсебата Сењак во финална фаза е изградбата на детската градинка, која треба да биде готова во декември годинава и на 1600 квадратни метри, ќе прими 200 дечиња, со што Штип ќе стане првиот град кој целосно ќе го реши проблемот со сметување на дечиња во градинките.
Општината  само за една година, во само едно јавно претпријатие заштеди 10 милиони денари и  со нив ја намали цената на водата за пиење за 10% за Штипјани, а наместо една жалба врба како во Скопје, изграден е  водовод во населбата  Балканска , кој чини 300 илјади евра, и со кој граѓаните од тој дел на градот за прв пат добиваат чиста и здрава вода за пиење.
Реконструирани и во фаза на градба се  16 километри локални улици и патишта, преку 10 километри водоводи и канализации, инвестирани се над 20 милнои денари во училиштата и градинките.
Изградени се 10 рекреативни зони, а ќе се гради стадион по стандардите на ФИФА 3, со над 5.500 седишта, кој ќе може да ја прими македонската фудбалска репрезентација.
Бочварски со задоволство ја најави реализацијата на сонот на Штипјани изградбата на браната на реката Отиња.
Ова е вистинскиот пат, ова е правиот пат, ние тргнуваме по овој пат и затоа ве повикувам да се приклучите сите заедно со нас на вистинскиот на правилниот пат, за економски раст, за напредок, за интеграција, за повеќе пари кај граѓаните за повисок стандард, продолжуваме напред, рече Бочварски денеска пред многубројните насобрани граѓани во Штип на отворената трибина на СДСМ под мотото ,,На прав пат”.

 

Треба да знаете
Последни објави