Кој има поголем капацитет да го забрза патот на Македонија кон ЕУ? Кој може да помогне земјава да ги достигне европските стандарди во разни области?Дали Љубе Бошковски, осуден за незаконско финансирање на изборна кампања, човек кој повреди со огнено оружје новинари и гости на полициска вежба или професорот Хозе Караско од Кралскиот Универзитет „Хуан Карлос“ во Мадрид, Шпанија?, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, дали има поголем капацитет естрадниот менаџер Зоран Башановиќ, кого српските медиуми го опишуваат како измамник кој бил апсен во САД за кражби по продавници или Јанко Баждавела кој што живее и работи во Њујорк, а има специјализација на „Квинс“ Универзитетот во Белфаст, бизнис школата во Париз, а моментално работи во „Коркоран Груп“ на висока позиција, компанија мултинационална која што има годишен обрат со повеќе од 21 милијарда долари?
,,Дали има поголем капацитет Силвио Аврамовски осудуван за вооружен инцидент или проф. д-р. Сашко Кедев, дописен член на Македонската академија на науките и уметностите од 2015 година и визитинг професор на Универзитетот во САД, во државата Северна Каролина?
Дали има поголем капацитет Филип Андов Сокол, познат, пријавуван насилник или проф. д-р. Гордана Силјановска Давкова? Дали има поголем капацитет за политики во културата Цветанка Ласкова или Игор Дурловски?Дали има поголем капацитет Горан Стаменковски кој физички напаѓаше колешки во Основниот суд Скопје 1 или Сања Божиновска докторанд на Харвард универзитетот во САД? Дали има поголем капацитет фестивалскиот водител Ѓорѓи Калајџиев или репрезентативецот Борко Ристовски?
Разликата е очигледна. Јасно е зошто овие три години Македонија стагнира, не е ништо изградено, а бројот на сиромашни се зголемува. Заев и неговите советници се способни само за криминал.Разликата е очигледна и граѓаните ќе може да изберат на претстојните избори кој може да им обезбеди просперитетна иднина за нив и нивните потомци. Разликата е како црно и бело и тоа е причината поради што Заев и СДСМ се плашат од предвремени избори. Заев може да бега од соочување со граѓаните, но не може да избега. Претстои обнова на Македонија”, се додава во соопштението.