Заев: Целиот свет го признава нашиот прав пат, само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против

На граѓанската трибина На прав пат во Штип, претседателот на СДСМ Зоран Заев порача дека за разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ е против се што е во интерес на граѓаните.
– Неразбирливо е како Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ можат да бидат против се, против секоја мерка во интерес за граѓаните. Тие се против ЕУ и НАТО, против реформите, против мерката за поврат на ДДВ, против раст на платите и пензиите, против раст на платите во приватниот сектор, против секоја мерка што враќа пари назад кај граѓаните, истакна Заев.
Целиот свет го призна нашиот прав пат, само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против и стојат на страна, порача претседателот Зоран на граѓанската трибина во Штип.
Не разбираме како може да се против се против поврат на ДДВ против ЕУ и НАТО против повисоки плати и пензии против се се но тоа е нивни проблем.
Ние продолжуваме по вистинткито, по правиот пат, додаде Заев и порача дека освен обнова на криминалот ВМРО-ДПМНЕ не нуди ништо друго.

 

Треба да знаете
Последни објави