Регионалниот центар за гранични работи поднесе кривична пријава против Ј.М.С.(43) од Република Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „трговија со луѓе” по член 417 од Кривичниот законик. Вчера во 2:40 часот во близина на наплатната рампа кај с.Смоквица, полициски службеници го запреле патничкото возило „мерцедес”, со германски национални ознаки, што го управувал пријавениот. При преглед во возилото биле пронајдени две лица без документи, а според нивните наводи станува збор за А.Х.(25) и В.Н.(25), двајцата од Авганистан. Пријавениот и мигрантите биле приведени и задржани во Полициската станица Гевгелија.