ренерот на ПСЖ, Томас Тухел објави дека една од sвездите на тимот, Килијан Мбапе има нова повреда.
Францускиот репрезентативец пропушти околу еден месец поради повреда на грбот и се врати во игра кон крајот на септември.
– Килијан нема да биде дел од тимот некое време. Му треба време за опоравување. Ова е различна повреда и не е повторување на старата, објасни Тухел.
Оваа сезона Мбапе има два гола и две асистенции на шест натпревари на сите турнири. Денес, ПСЖ го пречекува Анже во натпревар од 9. коло од Лига 1.