МВР со детали за престрелката во Гази Баба

МВР денеска изнесе повеќе детали околку вчерашната престрелка во Гази Баба, во која беше повредено едно лице. Според полицијата, вчера во 15.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со повреда од пиштол бил донесен А.Б.(27) од Скопје.

Настанот се случил околу 15.30 часот на улицата „Бајрам Шабани“ и во него учествувале неколку лица, при што со повреди се здобил А.Б.. Подоцна, во близина на местото, било пронајдено патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Љ.В.(28) од селото Света Петка, кое имало оштетувања од огнено оружје. Се работи на расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави