Напаѓачот на Наполи, Дрис Мертенс, раскажа за „опасноста” да добие шлаканица од една постара дама која живее во неговото соседство.
– Има една постара дама која живее над мене. Таа има околу 75 години и секогаш ги следи моиоте настапи. Кога играм добро, таа ми честита. Ако не, ризикувам да добијам шлаканица. Луѓето во Италија се многу зависни од фудбалот. И младите и старите, вели Мертенс во интервјуто за ЕСПН.
Оваа сезона Белгиецот настапи на девет натпревари за Наполи на кои постигна шест гола.