Откако им изгоре куќата, семејството Воденски од беровско Русиново, остана и без својата плевна

Откако вчера остана без кров над глава, тричленото семејство Воденски од беровско Русиново во нова огнена стихија остана и без својата плевна како и седумте кози како трактор кои се наоѓале во импровизираната зграда. Во моментот на несреќата, семејството било сместено во куќа во Владимирово, која по пожарот им ја обезбеди општината, а веста за опожарувањето на останатиот дел од имотот, им била соопштена од страна на роднини и беровската полиција.

– Рано утрово бевме известени дека, плевната заедно со козите кои ги чувавме и тракторот целосно изгореле. Ни изгоре куќата, сега и плевната, тоа е нов шок за нас. Моите родители примија медицинска помош за полесно да го пребродат шокот кој го доживуваме. Останува да се надеваме на помошта на хуманите граѓани, вели Воденски.

Треба да знаете
Последни објави