Во натпревар со малку голови, Еурофарм Работник вечерва во Загреб го доживеа првиот пораз во ракометната СЕХА лига. Домашната екипа ППД Загреб, т.н. „бели лавови” беа за еден гол подобри од битолските „фармацевти” и победија со 24:23, иако првото полувреме заврши нерешено, 11:11.
Во тактички натпревар, одбраната на Веселин Вујовиќ ја надмудри одбраната на тимот на Стевче Алушовски и затоа стрелците во двете екипи затаија и беа недоволно ефикасни.
Кај домаќините Мраковчиќ постигна само 4 голови, додека кај битолчани Јотиќ како најефикасен постигна 5 голови во 60 минути активна игра
Еурофарм и Веспрем со по девет бода за на првите две места во Б-групта, Загреб е трет со шест бода.