-Цврсто решивме државата да ја ставиме на прав пат. И успеавме, еве сме на прав пат. Доволно беа 30 години тапкање во место, конечно дочекавме да станеме модерна држава идна членка на ЕУ и НАТО во која има напредок, квалитетно здравство и образование, неселективно владеење на правото, во која парите завршуваат кај граѓаните, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев на првата граѓанска трибина „На прав пат” во Штип.
Сега е време за просперитет за државата и граѓаните на повидок се исполнување на стратешките цели на нашата земја. Сработивме се што се бараше од нас. Имаме заслужено право да го чекаме 17 октомври и да добиеме преговори со ЕУ, додаде Заев.
Заев порача дека ЕУ и НАТО стануваат реалност а тоа им го должиме на сегашните и идните генерации.