Потпретседателката на СДСМ, Мила Царовска денеска беше дел од првата граѓанска трибина во Штип, со која започнува караванот трибини под слоганот „На прав пат” .
-Штип е центар на текстилната индустрија и затоа особено сум горда што токму тука голем број на шивачки конфекционерки и работнички во текстилниот сектор повеќе не земаат мининимална плата пониска од законскиот минимум, туку денес таа е иста како и во сите сектори и изнесува 12.507 денари. Благодарение на ова решение, 50.000 работници од трудово интензивните индустрии добиваат плати повисоки за околу 4.000 денари месечно.-истакна Царовска на тринита во Штип.
Таа зборуваше за мерките на кои досега посветено работеше Владата предводена од СДСМ заедно со Министерството за труд и социјала , со цел да се обезбеди фер и праведно општетство, подобро место за живеење на сите граѓани.
Конечно проблемот со стечајците е решен, тој е минато. Успеавме да заштитиме 11 илјади стечајни работници, а со последните измени опфатот ќе порасне за 1.000 лица со што вкупно 12.000 стечајни работници ќе бидат материјално обезбедени и до пензионирањето ќе примаат надомест од 8 илјади денари. Просечната пензија порасна за околу 800 денари, а не само тоа туку и обезбедивме сигурна пензија со стабилизирање на пензискиот фонд.-истакна Царовска.
Таа посочи дека воведувањето на социјалната реформа обезбеди 300 илјади семејства кои живееја на работ на егзистенција, денес да имаат пристоен живот. Да, социјалната реформа е на прав пат.-рече Царовска.
20 илјади деца денес добиваат детски додаток, а 8 илјади образовен. Работиме посветено на извлекување на децата од детската сиромаштија ,затоа што со тоа директно влијаеме тие во иднина да основаат стабилни семејства со пристоен живот.-истакна Царовска.
Таа истакна дека градењето на нови градинки со цел секое дете да има можност да посетува градинка каде и да живее, зголемувањето на платите на вработените во истите е она во што се вложуваше периодов но ќе продолжи и во иднина.
Покрај градинките посветено се работеше и на градењето на групни домови, секое дете да биде згрижено, со 24 часовна грижа од стручни работници и негователки.
СДСМ продолжува да биде со граѓаните и понатаму, присутна секаде меѓу граѓаните , блиску до нив , да ги слуша и реализира нивните потреби и барања.
Само со задоволни граѓани, со сигурни и стабилни семејства може да изградиме општество и државата што одат напред , на прав пат!