5 октомври, 2007 година. Последниот концерт на Тоше Проески на Градскиот стадион во Скопје.
Неверојатна енергија, нетрпеливата публика во огромен број го очекува својот музички миленик. Тука не е важен социјалниот статус, националната или верската определба. Толку е едноставно – сите го сакаме Тоше и Тоше нè сака сите.
Човекот кој уживаше додека пееше за обожавателите. Човекот кој им помагаше на помалку среќните, најчесто без да се спомене неговото име.
12 години од мигот кога за последен пат го слушнавме неговиот глас. 12 години непребол. 12 години без ѕвезденото небо и нашата најсјајна ѕвезда.
Тоше им припаѓа на сите добри луѓе. Тој е за сите времиња. Тој е бесмртен. Живее онаму каде што сакаше отсекогаш да биде – во срцата на луѓето.