Американскиот производител на компјутери „Хјулит Пакард“ (HP) најави затворање на меѓу седум и девет илјади работни места со цел намалување на трошоците како дел од реорганизацијата во компанијата.
Со планираното намалувањe на работните места, бројот на работници во „HP“ во светот би можел да се намали за околу 16 проценти.
Менаџментот очекува дека реструктуирањето ќе ја чини компанијата скапо на краток рок, предвидувајќи до крајот на фискалната 2022 година милијарди долари трошоци.
„HP“ минатата година соопшти дека има 55.000 вработени.
Компанијата има проблеми поради падот на пазарот на персонални компјутери, иако ситуацијата во меѓувреме е подобрена.