Александар Наумоски и СДСМ продолжуваат со хаосот кој го донесоа во Ѓорче Петров.
Покрај лажните и неисполнети ветувања, нереализирани проекти, промашени инвестиции во секојдневието, безидејноста и криминалот, непотребните задолжувања, сега истите ќе предизвикаат и прав урбанистички хаос во Ѓорче Петров, обвини Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ.
„На последната седница на советот на општината советниците на СДСМ по налог на Наумоски изгласаа урбанистички план за населеното место Хром со кој се предвидува да се изградат над 100 нови згради во Хром и центарот на Ѓорче, највеќето од нив високи и над 13 метри“, рече тој.
За лицемерието да нема крај, додаде Стојановски, Наумоски во предизборната кампања ветуваше ревизија на урбанизацијата во делот на Хром и центарот на Ѓорче Петров што не е урбанизиран, а наместо ревизија единствено што исполни е дополнителна урбанизација спроведена по личниот и интересот на неколкумина свои соработници.