Мане исправен пред историски меч

Садио Мане може да запише неколку незаборавни достигнувања на натпреварот против Лестер Сити подоцна денес, објавија од Ливерпул.

Доколку успее да се запише на „Енфилд”, напаѓачот ќе го постигне својот 50-ти гол во Премиер лигата во својот 100-ти натпревар за Ливерпул.

Тој исто така може да стане десетти играч на тимот од Мерсисајд со 50 или повеќе голови во елитната дивизија.

Мане има 16 гола на последните 14 натпревари на „Енфилд”.

Треба да знаете
Последни објави