Николовски бара извинување од Курир за лажен текст, во спротивно ќе тужи
Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски побара извинување од порталот Курир поради објавен текст со невистини, во спротивно најави тужба.
-Објавениот текст на Курур со конструиран и тенденциозен наслов „ Безбедноста позади политиката: ,,Првите луѓе на АНБ на рапорт пред ген-секот на СДСМ“ е полн со невистини, лажни вести и конструкции“. Не е точно дека на партиски состанок организиран од мене, Љупчо Николовски, како генерален секретар на СДСМ учествувале, ниту пак дека седеле во први редови, споменатите Виктор Димовски, директор на Агенцијата за национална безбедност, и Јовче Ременски, вработен во агенцијата. Димовски и Ременски не учествувале на каква било партиска средба. Објавената фотографија е дополнителна манипулација, затоа што не се од настан кој се случил вчера, како што лажно се тврди во текстот, туку од јавен настан што се одржал пред 5 години, посветен на теми од безбедноста.Објавената фотографија не е направена вчера, туку пред 5 години, кога се подготвуваше програмата на СДСМ „Визијата за Македонија“ и станува збор за настан од отворен карактер на тема безбедност. Јасно е дека сите објавени невистини и лажни вести се тенденциозни и со намера да ми наштетат на личниот углед. Бидејќи објавените невистини и лажни вести ми нанесуваат штета на угледот и барам итно повлекување на спорниот текст и јавно извинување, врз основа на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, како и објавување на овој мој демант во целост, вели Николовски.
Доколку тоа не биде сторено според предвидениот законски рок, ќе следува Постапка за утврдување на одговорност и надоместување на штетата пред надлежниот суд, согласно Член 19, став 1 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, најави Николовски.
https://www.facebook.com/ljupcho.nikolovski.3/posts/2510661575822033