Регионалниот центар за гранични работи поднесе кривична пријава против турскиот државјанин Ј.М.С.(43) поради „трговија со луѓе“.
На 04.10.2019 во 2.40 часот во близина на наплатната рампа кај селото Смоквица, полициски службеници го запреле патничкото возило „мерцедес“, со германски национални ознаки, што го управувал турскиот државјанин. При преглед во возилото биле пронајдени две лица без документи, а според нивните наводи станува збор за А.Х.(25) и В.Н.(25) двајцата од Авганистан. Пријавениот и мигрантите биле приведени и задржани во Полициската станица Гевгелија.