Венецијанската комисија оценува дека Законот за јазиците ќе го загрози функционирањето на целиот судски систем, пишува ексклузивно „Плусинфо“.
Според документот што го поседува Плусинфо, драфтираните заклучоци на Венецијанската комисија се силна критика за Законот за јазиците и тие, на некој начин, препорачуваат детално да се простудираат причините поради кои е сменет законот од 2008 година и причините за недостатоците во спроведувањето на тој закон. На 17 декември ќе биде познато дали оваа верзија на заклучоците на Венецијанската комисија ќе се официјализира и што тоа ќе значи за иднината на овој закон.