Претседателот на Србија, Александар Вучиќ соопшти дека ги имал првите партиски консултации пред претстојните избори со претседателот на Социјалдемократската партија на Србија, Расим Љајиќ.
Вучиќ на Инстаграм профилот кој го има како претседател на Србија напиша дека денешниот ден, по подолго време, го псоветил на партиски активности.
„Недела, по подолго време, покрај претседателските, посветена на партиските активности. Првите консултации пред претстојните избори, со пријателот, претседателот на СДПС, Расим Љајиќ“, наведе Вучиќ под фотографијата од средбата со Љајиќ.