Со „БМВ“ излетал од автопат

На автопатот Скопје – Тетово утрово, пред Добарски натпатник, М.К.(25) од Тетово, управувајќи патничко моторно возило „БМВ“, со тетовски регистарски ознаки,  изгубил контрола и излетал од коловозот.

Во незгодата М.К. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница Тетово за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.

Треба да знаете
Последни објави