Четири лица се убиени во пукање во Канзас сити, јави Си-ен-ен. Полицијата на Канзас на официјалниот профил на „Твитер“ објави дека девет лица се ранети од огнено оружје, кога непознат напаѓач влегол во бар и почнал да пука.
Инцидентот се случил во 1 и 30 часот по локално време. Засега нема подетални информации за настанот.