Зоран Заев првин го уништи земјоделството, па сега со половични мерки ги залажува земјоделците. Нивите се се попразни, во селата не останаа луѓе, кои би можеле да бидат корисници на мерката која ја промовира СДСМ. Најзначајна работа во земјоделието е проблемот со пласманот, кој СДСМ не го реши и дополнително комплицираше на тоа поле. Заев ветуваше сигурен откуп и високи откупни цени. Три години потоа, цените се пониски од што беа. Кога земјоделците неможат да го продадат тоа што го произвеле, ниту една друга мерка не може да им го компензира трошокот. Власта треба да разбере земјоделците работат за да заработат и исхранат семејства, тоа во овие услови не е можно. Земјоделството со СДСМ е во предпочетна фаза, како во 19 век.
Потребни се систематски мерки, но тоа со СДСМ не е можно. СДСМ мора да си замине. Време е за предвремени парламентарни избори и победа на ВМРО-ДПМНЕ. Време е за обнова на Македонија.