Група маскирани лица синоќа нападнале канцеларии на неколку телевизиски станици во Багдад, каде вчера во протестите загинаа 14 лица. Според телевизијата Ал-Арабија, маскирани напаѓачи во црна облека синоќа дошле со црни автомобили, упаднале во телевизијата, претепале дел од вработените, искршиле опрема и заминале.
Дописникот на телевизијата во Багдад, Маџид Хамид изјави дека неколку негови колеги се повредени. Според него, телевизијата веќе неколку дена добивала закани.
Светските агенции, повикувајќи се на вработени, јавуваат дека биле нападнати и канцелариите на ирачките приватни канали „Даџла” и „НРТ”.