Пратеникот на опозицискиот Демократски фронт (ДФ) Милан Кнежевиќ е осуден на четири месеци домашен притвор, а неговите колеги Марина Јочиќ, Бранко Радуловиќ и Милутин Ѓукановиќ на условна казна поради насилно однесување со пратениците на Демократската партија на социјалистите (ДПС) пред две години во Собранието на Црна Гора. Тоа е првостепена пресуда, со можност за жалба. На 15 февруари 2017 година, откако беше укинат имунитетот на пратениците Андрија Мандиќ и Милан Кнежевиќ, тие влегоа во Собранието на Црна Гора и ги нападнаа пратениците на ДПС, навредувајќи ги и туркајќи ги, а имаше и туркање пратеници од ДФ, како и полицијата.
Од ДФ претходно соопштија дека сметаат дека процесот е „политички монтиран”.
Тоа време тие ја бојкотираа работата на Парламентот.