Европската унија мора да направи одговорен компромис за Брегзит, изјави портпаролот на британскиот премиер Борис Џонсон, додавајќи дека лондонските преговарачи се подготвени да продолжат со разговорите со големо темпо. Портпаролот призна дека разговорите за договорот за Брегзит треба да се одржат под притисок на времето и истакна дека Џонсон ќе контактира со странските лидери за неговите планови.
– Ние сме подготвени брзо да разговараме со ЕУ со цел да постигнеме договор за да можеме да одиме напред и да изградиме ново партнерство меѓу Велика Британија и Европската унија, но ова ќе биде можно само доколку ЕУ направи компромиси, како што направи Велика Британија, додаде тој.
Портпаролот од Даунинг стрит рече дека „премиерот, сепак, верува дека постои шанса да се постигне договор, но ЕУ мора да разбере дека за да се случи ова мора да се отстрани мерката на претпазливост на ирската граница”.