Актерката Дакота Џонсон, ѕвездата од „50 нијанси на сиво“, го прославила својот 30-ти роденден со пријателите и семејството. Прославата се одржала во семејниот дом во Малибу, а ќерката на актерот Дон Џонсон дошла во придружба на своето момче, музичарот Крис Мартин.
Фотографите ја „фатиле“ Дакота како пристигнува на нејзиниот роденден со олдтајмер – „мустанг шелби ГТ-350“ од 1969 година. На сопатничкото седиште бил Крис Мартин, и двајцата се обидела да ги избегнат папараците.
Автомобилот што го возела Дакота чини богатство. Според информациите на интернет, цената на ова возило е 100.000 долари.
На нејзината роденденска забава присуствувале и нејзиниот татко Дон Џонсон и нејзината мајка, актерката Мелани Грифит..