Кек во Скопје доаѓа без Захович и Чрнигој

Селекторот на фудбалската репрезентација на Словенија која на 10 октомври ќе гостува во Скопје на возвратниот натпревар од квалифиакциската група за ЕП-2020, нема да ги има во своите редови  Лука Захович и Домно Чрнигој кои заработија повреди изминатиов викенд настапувајќи за своите тимови. Селекторот Матјаж Кек дополнително ќе одлучи дали на нивно место ќе повика нови кандидати и кои ќе бидат тие.

Захович го повреди мускулот, додека Чрнигој ја обнови повредата заработена на последниот квалификациски меч со Полска.

-Двајцата репрезентативци отпаѓаат од конкуренција за составот на тимот на дуелот со Македонија и Австрија – потврдија од фудбалската федерација на Словенија.

Треба да знаете
Последни објави