Актуелниот 35-кратен италјански фудбалски првак Јувентус, кој доминира во последните осум сезони почнувајќи од 2012 година, повторно се искачи на врвот од Серија А, откако му го нанесе првиот пораз сезонава на Интер и го симна од врвот. „Старата дама“ во Милан го совлада Интер, тимот на својот поранешен трофеен тренер Антонио Конте (2:1).
-Јувентус е друга димензија. Не треба да се споредуваме со овој тим. Јувентус покажа дека е одличен тим, а ние го дадовме максимумот и не стасавме до целта. Ќе извлечеме поуки од овој пораз и ќе бидеме подбри на следните мечеви – порача Конте.