Целата држава денеска е едно големо градилиште, каде и да се оди се гледа тоа, рече генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, вечерва пред гевгеличани.
-Еве доаѓам кон Гевгелија, по нови автопатски делници, обновени коловозни ленти, нови улици. Гледам по пат се градат патишта како никогаш досега. За само 2 години 500 километри патишта, 400 километри водоводи и канлизации. Е да, тоа се големи бројки! Тоа е прав пат!, рече Николовски.
Во секоја област имаме интензива градежна офанзива, додаде Николовски.
-43 градинки ширум републиката, нови и обновени полициски станици, локална инфраструктура, локални и регионални патишта, прочистителни станици, а во Гевгелија нов водовод, тоа градиме, рече генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски на вечерашната трибина „На прав пат” во Гевгелија.