Академските институции во Западна Африка се соочуваат со обвинувања за сексуална злоупотреба од страна на професори. Овој начин на злоупотреба, како што се наведува, е ендемски, но речиси никогаш досега не било докажано.
Откако биле собрани повеќе сведочења на жртви на сексуална злоупотреба, Би-би-си Африка испрати новинари во тајна мисија, кои се претставиле како студенти во рамките на Универзитетот во Лагос и Универзитот во Гана. Новинарката Кики Морди открива што се случувало зад затворени врати на некои од најпрестижните универзитети во регионот.
Предавач на Универзитетот во Лагос е фатен на камера како нуди секс за прием на студент. Предавачот беше изложен во 13-минутно видео од Би-би-си Африка, каде прикриениот новинар Кики Морди, маскирана како 17-годишна студентка, сака да се запише на универзитетот.
Истрагата е дел од поширока операција, која открива секс-злоупотреби за оценки во универзитетите во Западна Африка.
Предавачот Бонифациј Игбенегу е поранешен судија-декан на Факултетот за уметност и главен пастор на локалната црква „Форсквер госпел“.
Игбенегу ја покани студентката во неговата канцеларија за „упатства“ и на првиот состанок ја праша: „колку години има?“.
Откако таа одговори, предавачот започна да коментира за нејзиниот изглед.
„Зарем не знаете дека сте убава девојка? Дали знаете дека сум пастор и сум во своите 50-ти години, но ако сакам девојка од 17 години, сè што ми треба е сладок јазик и ставам пари “, вели тој.
Пред таа да одговори на неговот прашање, тој го опиша тајното место, каде предавачите се состануваат со студентките за да ги допираат нивните гради, во клубот на персоналот на Универзитетот.